06/10/2024
Спорт

ГРК Охрид го освои третото место на Меѓународниот турнир „Драго Јововиќ“ во Врбас, Србија

ГРК Охрид го освои третото место на Меѓународниот турнир „Драго Јововиќ“ во Врбас, Република Србија, кој се одигра викендов. Покрај Охрид, на турнирот учествуваа и Војводина, Црвена Ѕвезда и домаќинот Врбас.

Во полуфиналето, вчера, Војводина го совлада Охрид со 37:26 (19:12). Најдобар поединец во редовите на Охрид беше крилото Гоце Ојлески со 8 постигнати гола.

Во второто полуфинале, Црвена Ѕвезда го совлада Врбас 33:27 (16:15).

Во битката за бронзата, домаќинот Врбас и Охрид одиграа неизвесен натпревар кој беше решен по изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел мечот заврши 32:32 (16:16). По седмерците Охрид славеше 35:36.

Најдобар во редовите на „Гладијаторите“ беше хрватскиот интернационалец Рудолф Шафранко со 7 погодоци.

Победник на турнирот е Војводина која во финалето ја совлада Црвена Ѕвезда со 35:23 (17:12).


WebOhrid / 28.01.2024 / ГРК Охрид