08/12/2024
Охрид

Херојот Марко Пејчиноски и таеквондистот Јосифоски на прием кај градоначалникот Стојаноски

Големиот спортски херој Марко Пејчиноски и таеквондистот Ацо Јосифоски, денес имаа  прием кај градоначалникот Стојаноски, за нивните исклучителни спортски достигања. Дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски, ја плени македонската и светската јавност со извонредниот спортски подвиг, препливувајќи го Охридското Езеро, од Св.Наум до Охрид. Оваа несекојдневно спортско достигнување, не остана незабележано и од повеќе фирми и организации од целата земја, кои со соодветни награди го опсипаа малиот Марко.

Градоначалникот Стојаноски честитајќи му го големиот успех, истакна дека неговиот подвиг претставува вистински патоказ за тоа како да чекориме низ животот и сигурно ќе биде инспирација за многу други деца. Општина Охрид, обезбеди парична награда од триесет илјади денари за големиот подвиг на Марко и ученичка стипендија за талентирани деца.

На средбатга искрено беше поздравен и големиот успех на охридскиот таеквондист Ацо Јосифоски, кој на Светското првенство во Минск, Белорусија, во категорија на ветерани го освои бронѕениот медал. Општина Охрид и за Јосифоски обезбеди парична награда, во  висина од триесет илјади денари.