27/04/2024
Спорт

Хет-трик на Тричковски против Штурм Грац

Иван Тричковски постигна хет-трик за АЕК Ларнака, во полуфиналниот натпревар од квалификациите за Лигата Европа.

АЕК Ларнака успеа да победи со високи 5:0 против австрискиот клуб Штурм Грац. Тричковски го одигра целиот натпревар, го отвори резултатот во 8 минута, зголеми на 3:0 во 67 минута, а на 4:0 во 80 минута.

Тричковски постигна погодок и на првиот дуел помеѓу овие тимови, кој АЕК Ларнака во гости го доби со 2:0. Неговиот тим оди во следната фаза со вкупен резултат од 7:0.

АЕК Ларнака во финалето од квалификациите за Лигата на Европа ќе игра против победникот од дуелот Тренчин – Феенорд.

WebOhrid