27/05/2024
Охрид

Хуманитарна продажна акција за новиот спортски потфат на нашиот херој Марко Пејчиновски

Во рамки на своите хуманитарни активности Црвен крст Охрид во соработка со компанијата Комфи Ангел од Прилеп ќе организира хуманитарна продажна акција на високо квалитетните производи на оваа реномирана компанија, која ќе се реализира на 20.04.2019 (сабота) на плоштадот „Крушевска Република“ (Чинар). Во периодот од 9-17 ч. ќе бидат изложени надалеку познатите производи на Комфи Ангел, постелнини, перници, јоргани, душеци и др., а посетителите ќе имаат единствена можност истите да ги набават по симболични, промотивно-хуманитарни цени.

Дел од средствата собрани од продажбата на производите ќе бидат наменети за помош во реализација на новиот спортски потфат на нашиот херој Марко Пејчиновски.