26/04/2024
Охрид

Интернационален фестивал „Денови на Балканската култура, традиција и уметност во Охрид“

Вечерва на Летната сцена Долни Сарај со почеток од 20:00 часот, по четврти пат ќе се одржи Интернационалниот фестивал „Денови на Балканската култура, традиција и уметност во Охрид“ поддржан од Амбасадата на Р. Бугарија во Р. С. Македонијa и општината Охрид.

Овој настан е во организација на Здружението за култура и уметност „Артвивенди“ од Охрид и е дел од поголемиот проект „Зачувување на нематеријалното културно наследство на Р. Албанија, Р. Бугарија, Р. С. Македонија и Р. Грција“. На овој Фестивал ќе бидат презентирани повеќе културни обичаи преку традиционалните наордни игри на Балкански играорни друштва од Р. Албанија, Р. Бугарија и Р. С. Македонија. За најдобрите изведувачи ќе одлучува меѓународно жири.

Гости на овој фестивал ќе бидат Амбасадорот на Р. Бугарија, Ангел Ангелов и градоначалникот на град Охрид, Константин Георгиески.

За време на одржувањето на Фестивалот, ќе бидат запазени сите мерки и строги протоколи за заштита од Ковид-19.