22/06/2024
Охрид

Интернационална онлајн конференција: „Охридска школа за хуманизам – од средновековната доба до денес, во Европа и светот“

Со обраќање на претседателот Стево Пендаровски, утре, на верскиот христијански православен празник Водици – Богојављение, со почеток од 12:00 часот (15:00 часот по средноевропско време), ќе се одржи Интернационална онлајн конференција: „Охридска школа за хуманизам – од средновековната доба до денес, во Европа и светот“. Истовремено и церемонијата на прогласување на академик Абдулах Шарчевиќ, за добитник на Светската награда на хуманизмот, за 2021 година.

Градот Охрид, традиционално, на славодобитникот, како награда, му дарува статуетка на Свети Климент Охридски, во резба, за што ќе говори Константин Георгиевски, градоначалник на Охрид.

За Шарќевиќ требаше да одржи беседа академик Георги Старделов, добитник на Светската награда за хуманизам 2020 година, заедно со амбасадорот Јордан Плевнеш. За жал, се случи, академик Старделов да почине, мегутоа неговата беседа тој ја заврши на 30 декември, така што ќе биде прочитана од страна на организаторите.

Говор за прифаќање на наградата ќе има и академик Абдулах Шарчевиќ. Тој е истакна претставник на Сараевската филозофска школа, исклучително значајна за создавањето на познатата филозофска библиотека „Logos“ во која, пак, клучно место имаше токму тој.

Тој смета дека човештвото е влезено во фаза на доминација на нихилизмот, според кој и во кој сите вредности ја изгубиле својата вредност и дека е тоа поочигледно дури и отколку во времето на Ниче и Хајдегер.

Веќе одамна се зборува во филозофијата дека над нас се спушта „светската ноќ“, едно физичко и духовно невидено пустошење на земјата. Во споредба со тоа што го доживеавме по Чернобил дека она што се случува денес е само едно благо предупредување. Техниката сè повеќе се изедначува со кибернетичката функција на науката, па отаде ништо повеќе неможе да се стори против технофилијата, а според академик Шарчевиќ, веќе со ништо не може да се избегне светската техничко-научна цивилизација.

Досега, организаторот – Светската академија на хуманизмот, манифестацијата ја одржуваше од своето традиционално место, Куќата на Уранија (Македонска академија на науките и уметностите) во Охрид – градот на УНЕСКО.

Академик Старделов за Охридската академија на хуманизмот претставува, се произнесуваше како за продолжеток на древната климентова академија (Охридската книжевна школа) која, пак, е првата академија на старословенскиот црковен јазик, во кое е создадено делото на Црноризец Храбар (О писменех) – првотонаучно дело во кое се проучува историјата на создавањето на старословенскиот црковен јазик од светите браќа Кирил и Методиј па наваму, од нивното глаголичко писмо, сè до текстовите на седмочислениците: Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј.

Годинава, поради Ковид-пандемијата и заштитните протоколи, ќе се одржи преку Интернет, со над 30 учесници кои ќе имаат свои излагања во траење од 5 до 10 минути, додека платформата ќе биде поставена во Скопје, во Кинотеката на Македонија.

Воедно, ќе биде одбележан јубилејот – 15 години постоење на Светската академија на хуманизмот.

Учесници на Интернационалната онлајн конференција: „Охридска школа за хуманизам – од средновековната доба до денес, во Европа и светот“, се познати имиња од светот на културата, литературата, политиката, хуманизмот.Мегу другите: Жан Патрик Конрад, професор по физика на Империјал колеџ во Лондон, Велика Британија и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите со седиште во Париз, Џон Ралстон Саул, добитник на Светска награда за хуманизам 2015, од Канада, Преси Ден од Европската академија на науките, уметностите(EASAL), добитник на Светска награда на хуманизмот 2018 година, Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, Романо Проди, поранешен претседател на Европската комисија и премиер на Италија, како и добитник на Светска награда за хуманизам 2019 година.

Потоа, академик Катица Ќjулавкова (МАНУ), Слободан Енајдер, хрватски писател и публицист, доктор Хонорис Кауза на IU Европа Прима, Фроса Пејоска – Бушеро, професор на ИНАЛКО, Париз, Фредерик Фапани фон Лотринген, од CNRJ (Cercles Nationaux de Réflexion sur la Jeunesse), од Париз.

Исто така, д-р Седрик Уанекпоне, добитник на наградата за млади хуманисти 2019, од Централно африканската република, професор Фабрис Д’Алмеида, од Универзитетски пантеон Асас II,во Париз, доктор Онорис кауза на Универзитетот Европа Прима.

Дел од оваа светска интелектуална елита се и Ралица Русева, историчар на уметноста, од Бугарија, Вида Огњеновиќ, добитник на Светска награда за хуманизам 2012, од Србија, Патриша Корбет, историчар на уметноста, од Вашингтон, САД, Педро Кадел, почесен конзул на Македонија во Лисабон и други.

Досегашни добитници на WOLRDнаградата за хуманизам се: Даисаку Икеда, Јапонија, Маноел Де Оливеира, Португалија, Александар Соложеницин, Русија, Рави Шанкар, Индија, Питер Брук, Франција, Вида Огњеновиќ, Србија, Херта Милер, Германија, Светлин Русев, Бугарија, Џон Ралстон Саул, Канада, Дарко Гашпаровиќ, Хрватска, Јиржи Свобода, Чешка Република, – Jeан-Патрик Конерад, Велика Британија, Романо Проди, Италија, и Георги Старделов, Македонија.

Веле Митаноски