19/04/2024
Охрид

Изјава на доктор Сашо Стоев по повод 20ти Март – Светскиот ден на оралното здравје

Денес светот го одбележува 20-ти Март, светскиот ден на оралното здравје. Ден кој треба да не потсети за тоа колку е важно да се грижиме за нашето орално здравје и колку истото има влијание врз целокупното здравје на нашиот организам.

„За разлика од претходните години кога нашата ординација традиционално го одбележуваше овој ден со едукативни предавања и работилници со најмалите, едуцирајќи ги како од најрана возраст да се грижат за своите запчиња, годинава, за жал поради оваа ситуација со Ковид 19 вирусот, таквите дружења ќе изостанат, но пораката која сакаме да ја пренесеме е тука: Ковид ситуацијата, оваа војна со навидум невидлив непријател не погоди сите, во секој сегмент од нашето живеење. Стоматолозите со својата професија се директно изложени на опасност од Ковид 19 вирусот. Затоа, грижете се за своето орално здравје, но истовремено бидете одговорни и совесни и постапувајте онака како што најдобро би се заштитиле себе си, но и другите и на тој начин покажете ја својата почит не само кон стоматолозите, туку и кон сите медицински лица кои веќе една година неуморно работат и го даваат својот максимум во борбата против ова зло на денешницата.

Останете во добро здравје!“ – истакнуваат од Стоматолошката Ординација „Д-р Сашо Стоев“.