26/04/2024
Македонија

УХМР: Најава за влажен бран со обилни врнежи од дожд и снег

Oд УХМР известуваат дека под влијание на влажен бран, од денес (сабота) до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег.

Поради продор на студен воздух повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места.

Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2).

На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои од пониските места.

Од понеделник до среда ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час.

Преодно стабилизирање ќе има во вторник, а во среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет.