29/04/2024
Охрид

Измамена охриѓанка која извршила уплата за работа во странство

На 21.02.2024 во 11:20 часот во СВР Охрид, 52-годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 евра.

Според пријавеното, во септември 2023 година на веб-страна таа забележала објава во која се нуди работа во странска земја и стапила во контакт со лицето, кое и ветило работа во хотел и притоа ѝ ги побарало парите за уплата за работна дозвола, годишно осигурување, дополнително осигурување за подолг период, депозит за стан и сл.

Како што е пријавено, таа ги уплатила парите, по што стапила во контакт со хотелот од каде што била известена дека нивната интернет страна била хакирана, по што сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


WebOhrid / 22.02.2024 / СВР Охрид