14/10/2024
Охрид

Извршени акциски контроли во угостителски објекти во Охрид, затекнати повеќе малолетни лица

На 09/10.02.2024 година, полициски службеници од СВР Охрид извршија акциски контроли по угостителските објекти во градот при што, во 03 часот, во еден локал лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, затекнати се повеќе малолетни лица.

Врз основа на констатираниот прекршок, против правниот субјект и одговорното лице, ќе бидат поднесени соодветни пријави.


WebOhrid / 10.02.2024 / СВР Охрид