19/04/2024
Охрид

Јавна расправа за организирањето на сообраќајот во централното градско јадро

Утре, 20 јуни со почеток во 18 часот, во големата сала на Општина Охрид, ќе се организира јавна расправа за организирање на режим на сообраќај во централното градско јадро.

Идејниот проект го изработи и ќе го презентира фирмата “24 Инк“, а во себе содржи 3 идејни решенија за динамичкиот, статичкиот и пешачкиот сообраќај. Проектот ги скенира сите видови на сообраќај, со коефициент за најголема оптовареност и најоптимални решенија.