ЈП Билјанини Извори: Кражбите кај каналот Студенчишта не се во делот со кој ние стопанисуваме

„ЈП „Билјанини Извори“ како правен субјект кој стопанисува со одлука на Советот на Општина Охрид со едниот дел од каналот Студенчишта ја известува јавноста и сите наши закупци на сидришни места дека настанатите кражби кои се случија во изминатиот викенд при што беа украдени пенти и еден таблет од неколку пловни возила кои беа усидрени кај каналот Студенчишта не се во делот со кој ние стопанисуваме.

ЈП „Билјанини Извори“ во изминатиот период посвети и тоа како време и финансии во осигурувањето на безбедноста и сигурноста на пловните возила кои се усидрени на делот со кој ние стопанисуваме при што беше инсталиран и 24 часовен видео надзор. 

Стоиме на располагање на СВР Охрид околу прибирање на што повеќе информации за што побрзо расветлување на случаите и пронаоѓање на крадците.“ – стои во соопштението од ЈП „Билјанини Извори“.