29/04/2024
Македонија

Каде се подароците? – Симфониски концерт за деца денес во Македонската филхармонија

Со почеток во 12 часот во големата сала на Македонската филхармонија, денес се одржува традиционалниот симфониски концерт за деца, под наслов „Каде се подароците?“…

Под диригентско водство на маестро Борјан Цанев, ќе бидат изведени композиции од Морис Равел, Јохан Штраус и Едвард Елгар.

На 28 декември Македонската филхармонија, ќе го одржи и традиционалниот Новогодишен гала-концерт, под диригентство на Јерухам Шаровски од Израел и ќе настапат солистите Милена Арсовска- сопран и Иван Наумовски- баритон.