26/04/2024
Охрид

Ќе се санира дел од улицата „Ванчо Николески“

Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ќе започне со санација на коловозот на улицата „Ванчо Николески“, на потегот од Кеј „Македонија“ до пресекот со улицата „Партизанска“.

Градежните работи ќе започнат во сабота, 30 март во раните утрински часови. Се молат граѓаните да не паркираат на овој дел од улицата, за да може активностите непречено да се одвиваат.