05/11/2024
Охрид

Ќе се служи света литургија за празникот Благовештение на Пресвета Богородица

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека во четвртата недела од Великиот пост на 07. април 2019 година (недела), во катедралната црква „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Благовештение на Пресвета Богородица“. на светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (ЕДНОЦРКВИЕ)

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.