25/04/2024
Охрид

Ќе се служи света литургија за празникот Св.Атанасиј Велики

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. Јануари 2018 година (среда), во метохот на манастирот Св. Наум Охридски – Св.Атанасиј Велики– Љубаништа, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот Св. Атанасиј Велики, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.