27/04/2024
Дебрца

Крцоски: СДСМ ја има најдобрата понуда на политичката сцена, на овие избори победува најдоброто

Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Игор Крцоски – Манце, од редовите на СДСМ, денес одржа прес-конференција на која истакна:

„Се наоѓаме на самиот старт на изборната кампања за локалните избори на 17ти октомври.

Ние, како кандидати имаме задача да ја презентираме својата програма, а Вие како гласачи, да го направите вистинскиот избор.

Сега, благодарение на владеењето на СДСМ на централно ниво, живееме во слободно општество, каде секој може да говори без страв и да носи одлуки по сопствено убедување.

Препознатливи сме по водење успешни политики, кои видливо го менуваат животот на граѓаните на подобро. Вложуваме во повисоки плати и пензии, образование, социјална заштита, инфраструктура, бројни инвестиции, нови работни места. Вашата одлука за овие избори не е тешка.

Гласот за СДСМ и за мене како кандидат за Градоначалник на Дебрца како и советничката листа, е глас за општина во која заедно ќе одлучуваме, ќе ја развиваме и унапредуваме со мудри одлуки, стратешки промени и силна поддршка од централната власт.

Низ Дебрца се среќаваме секојдневно, а сме поминале и низ многу изборни процеси. Знаете дека за нас зборот е збор и затоа гордо и исправено застанувам пред Вас и ја барам Вашата поддршка, затоа што гласот за бројот 12, е глас за сигурен влог во иднината на Дебрца.

СДСМ ја има најдобрата понуда. На овие избори-победува НАЈДОБРОТО!“ – истакна Крцоски.

https://fb.watch/8hqjrki6KF/