26/04/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кој напишал недоличен и навредлив коментар на Facebook

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.З.(38) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на 25.12.2020 година, на социјалната мрежа „Фејсбук“, од својот профил напишал недоличен и навредлив коментар со кој поттикнувал омраза, дискриминација и насилство према одредена група граѓани, со што ја загрозил нивната безбедност и предизвикал чувство на страв.