26/04/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец поради предизвикување општа опасност во казино

Поради постоење основи на сомнени за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.К. (41) од Охрид.

Тој, казненото дело го сторил на први овој месец во 00:20 часот пред казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид каде пристигнал со патнички автомобил марка „БМВ“. Притоа, возилото го искачил до третото скалило во обид, со автомобилот да влезе во казиното, по што избегал од местото.

Со извршувањето на казненото дело, сега пријавениот предизвикал чувство на несигурност и страв кај вработените и останатите гости во казиното.