27/04/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓани кои предизвикале пожар во возило на „Железничка“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(28), А.Ф.(28) и М.Р.(27), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Пријавените, на 31.12.2021 на бул.„Железничка“ во Охрид предизвикале пожар во патничко возило „ауди“, со охридски регистарски ознаки, што го користел Д.Т. од Охрид.