20/04/2024
Охрид

Пецаков: Во Охрид победи разумот, победи народот

Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, д-р Кирил Пецаков, денес одржа прес-конференција на која истакна:

„Почитувани претставници на медиумите, мои драги охриѓани, во Охрид победи разумот, победи народот.

Со огромно задоволство, но и одговорност пред сите вас ја прифаќаме големата победа изразена со околу 2000 гласа разлика во првиот круг. Цел живот создаваш за да добиеш поддршка. Изминаа 4 години, чесни со крената глава и достоинствено, ја побаравме поддршката на охриѓани и ја добивме.

Народот е свесен дека на Охрид и Македонија им се потребни промени. Ова е победа на сите што заслужуваат заедничка иднина.

Почитувани охриѓани,

Избравте вашиот глас искажан на мирните, достоинствени, фер и демократски локални избори мора да се почитува и понатаму. И на тие што гласаа и на оние што не гласаа.

Охриѓани јасно докажаа дека се против криминал, корупција и апатија и сакаат промени и нова светла иднина.

Благодарам мои охриѓани,

И никогаш нема да ве изневерам.

Да бидеме силата на промените. Да се обединиме. Да покажаме заедништво и слога.

Уште еден чекор нѐ дели од она за кое сите се трудиме, за подобар Охрид, за Охрид на охриѓани.

Заедно, сплотени, единствени во победата продолжуваме!“ – истакна Пецаков.