27/04/2024
Охрид

Кривична пријава за жител од Љубаништа кој фатил мечка со примка

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит лов”, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.С. (56) од охридското село Љубаништа.

Тој, на трети ноември минатата година, на забрането ловиште од Национален Парк „Галичица” во атар на селото Љубаништа, со поставување на челична сајла извршил заловување односно ранил и фатил мечка – крупен дивеч под заштита, што според Законот за ловство е трајно забрането.

По овластување од дежурен Јавен Обвинител, извршен е увид при што констатирано е дека, пријавениот, во местото „Подграде” кај Љубаништа, неовластено поставил три челични сајли – „примки” на кои се фатила мечката. Истите се подигнати и предадени на вештачење, а ветеринарни техничари од ветеринарната болница Скопје, извршиле успивање на мечката.