26/04/2024
Охрид

Крводарителска акција за празникот Св.Климент

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (четврток) во периодот од 19-24 часот и на 9 август (петок) во периодот од 9-13 часот.

Се покануваат нашите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.