29/04/2024
Охрид

Лажни дојави за поставени бомби во објекти во Охрид

Денеска (28.02.2024 година) околу 10:00 часот е пријавено дека се поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид.

СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави.

СВР Охрид, во координација со јавен обвинител, по целосно расчистување на настаните, ќе поднесе соодветни пријави.


WebOhrid / 28.02.2024 / СВР Охрид