28/04/2024
Охрид

Левица: Продолжува узурпацијата на плажата Канео од „непознатиот“ сторител

„Поради узурпација на плажата Канео, спротивно на препораките на УНЕСКО, Левица на 02.01.2024 година, поднесе ИНИЦИЈАТИВА за вршење вонреден инспекциски надзор. 

Градежната инспекција излезе на терен и изврши увид, по што инспекторот констатира дека узурпацијата на езерскиот брег кај Канео се врши од „непознат“ (НН) сторител.

Ги известуваме градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков и Градежната инспекција дека „непознатиот“ (НН) сторител овие денови продолжува со градежните активности на езерскиот брег кај Канео.

Дали „непознатиот“ сторител го узурпира просторот со цел да си уреди плажа за престојната туристичка сезона, а надлежните молчат како и секогаш до сега?“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.


08.02.2024 / Левица ЛО Охрид