27/04/2024
Дебрца

Лишен од слобода жител од Ботун кај кого се пронајдени и одземени ловечка пушка и куршуми

На 16.11.2023 во 14.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Б.К.(41) од селото Ботун, општина Дебрца.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „Црвена застава“ и 15 куршуми различен калибар, кои нелегално ги поседувал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


WebOhrid / 17.11.2023 / СВР Охрид