29/04/2024
Охрид

РСБСП и СВР Охрид го одбележаа 17 ноември, Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајот

Со засадување цвеќе во кругот на СВР Охрид и со испуштање црни балони на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, РСБСП и СВР Охрид-отсек за превенција, денеска во Охрид, симболично го одбележаа 17 ноември, Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајот.

Според претседателката на РСБСП, д-р Гордана Кожуваровска, во текот на 2022 година, на патиштата во земјава, животот го загубиле 124 лица.

Како што истакна портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, на подрачјето на СВР Охрид, во текот на првите девет месеци од оваа година, во случени седум сообраќајни незгоди, животот го загубиле седум лица, возачи на моторни возила и нивни сопатници од кои, две на автопатот во изградба Кичево-Гостивар.

Кожуваровска и Димоски, упатија апел до возачите и до сите други учесници во сообраќајот, на крајна внимателност при управувањето со моторните возила и почитување на поставената хоризонтална и верикална сигнализација со цел, значително подигнување на сообраќајната безбедност и смалување на бројот на сообраќајните незгоди.


WebOhrid / 17.11.2023 / СВР Охрид