27/04/2024
Спорт

Македонија одигра нерешено со Англија

Македонската А репрезентација одигра 1:1 и успеа да остане непоразена во соочувањето со Англија во последниот меч од квалификациите за Европското првенство.

Избраниците на Милевски уште еднаш покажаа дека на домашен терен се многу цврсти и тешко е да бидат совладани. Најдобар доказ за тоа е дека на четири средби во Скопје загубија само еднаш и тоа во оној меч со Украина во кој газевме 60 минути, водевме со 2-0 за да на крајот загубивме со 3-2.

Тука ја добивме Малта, потоа ремизиравме со големата Италија 1:1, резултат кој вечерва беше потврден со актуелниот европски вицешампион.

Нашата селекција одигра борбено, ги чекаше своите шанси, па така во првиот дел доби пенал по дуелот меѓу Луис и Миовски, ситуација по која Барди ја презема одговорноста, Пикфорд го прочита, но топката одново стигна до него и ја смести во мрежата на фаворитот.

Со овој резултат се замина на полувреме за да на стартот на вториот им биде поништел гол на Англичаните со ВАР, но во 59 минута Атанасов несреќно ја смести топката во нашата мрежа за 1:1. 

Немаше преголеми возбудувања во продолжението и не дојде до промена на резултатот.

Македонија со 8 освоени бода е четврта во групата Ц зад Англија со 20, Италија со 14 и Украина со 14 која поради послабиот меѓусебен дуел со „аѕурите“ останува трета и без ЕП. Последна е Малта без освоен бод.


WebOhrid / 20.11.2023 / ФФМ