26/04/2024
Охрид

Македонски Независни Листи – Повик за собирање потписи

Од Македонски независни листи информираат дека кандидатите за пратеници од “Македонски Независни Листи”, започнаа со собирање потписи за како што велат да добијат право за настап на престојните парламентарни избори.

„Ве покануваме, со вашиот потпис да изразите поддршка за носителот на листата во изборна единица бр.5 Горан Тасковски, Aмбасадор на Република Македонија во Турција во периодот од 2011 до 2015 година, како и за нашата охриѓанка, втора на листата, Наташа Спасеска Цветкоска.            

Со вашиот потпис бидете дел од новиот пат во Македонската историја, Новата ера – Ера трета. Македонските независни листи се Македонскиот народ.

Вашиот потпис би значел поддршка за светла суверена Македонија, земја на економска благосостојба, земја на среќни луѓе.

Вашиот потпис може да го дадете секој ден од 09 до 19 часот, најдоцна до петок 6-ти Март, во одделението на државна изборна комисија во зградата на општина Охрид.

Бог нека ве благослови вас и Македонија.“ стои во соопштението на Македонски независни листи.