20/04/2024
Спорт

Марк Кипчумба Ротич – победник на Интернационалниот атлетски маратон во Охрид 2018

Кениецот Марк Кипчумба Ротич е победник на 32 издание од Интернационалниот атлетски маратон во Охрид. Патеката од Свети Наум до Охрид од 30 километри тој ја истрча со време 1:42:44, пред Словакот Габриел Свајда на второто место со време 1:49:34 и Илир Рудани од Косово на третото место со време 1:51:10.

Медалите на најдобрите во машка конкуренција им ги додели градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

Во женска конкуренција победи Сузан Вачеке Мутони од Кенија со време 2:08:19 пред Македонките, Адријана Поп Арсова на второто место со време од 2:09:13 и Сања Најдовски на третото место со време од 2:35:35.

Претходно, на „Трката на независноста“ на 5 километри победи Григоријан Никовски со време 18:01, пред Никола Вукеља од Србија на второто место со време 18:34 и Габриел Котевски на третото место со време 19:29. Во женска конкуренција победи Ања Еклер од Македонија со време 21:16, пред Александра Пешова на второ место со време 24:25 и Емилија Лозароска на третото место со време 25:16.

WebOhrid