29/04/2024
Охрид

Меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Универзитетот „Св.Климент Охридски“

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и деканот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Снежана Дичевска денеска потпишаа меморандум за соработка.

Соработката подразбира реализација на активности од страните потписнички  во насока на развој на високото образование и наука. Страните потписнички  поаѓајќи од своите интерни правила и интереси  можат да склучат посебни договори во врска со меѓусебната соработка. Активностите и соработката ги почитуваат правилата и прописите воспоставени  од страните  потписнички  без финансиски импликации, така што за сите активности за кои ќе бидат потребни  финансиски средства  ќе бидат уредени со посебни договори.

Меморандумот стапува во сила од денот на потпишувањето.


WebOhrid / 24.11.2023 / Општина Охрид