27/04/2024
Спорт

Милевски: Македонија може да биде конкурентна само ако функционира како тим

Македонија – Италија

Квалификации за ЕП 2024

9. септември, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“, Скопје

Влезници од 300 и 500 денари во продажната мрежа на MKTickets 

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Италија (9 септември, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“) и Малта (12. септември, 20:45 часот, Малта). 

Предводникот на националниот тим ги изнесе своите очекувања од двата натпревари. Посочи дека Македонија ќе се обиде да дојде до позитивни резултати со тимот што го имаме на располагање во моментов, иако се соочуваме со проблеми во составот. Селекторот нагласи дека треба сите комплетно да ја согледаат реалната слика на нашиот фудбал, додавајќи дека ние не сме фудбалска велесила, а високиот пораз од Англија треба сите да не спушти на земја.

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација: 

Тројца од списокот нема да бидат со нас, отпаѓа Марјан Радевски, а исто така и Дарко Чурлинов нема да биде во комбинација за настап, како и Ваљон Етеми, кој ја влече истата повреда од минатиот месец. Димитар Митровски и Ахмед Иљазовски добија дебитантски повик во националниот тим и ќе се обидат да ја зголемат конкуренцијата.

Александар Трајковски е во моментов без клуб, но тој е професионалец кого добро го познавам и изрази желба да биде дел од тимот. Физички е подготвен, но за сите играчи ќе направиме проценка околу нивната подготвеност и ќе одлучиме кој колкава минутажа ќе добие на двата натпревари. 

Сакаме да покажеме дека Македонија е конкурентна и покрај проблемите со кои се соочуваме. Ќе го дадеме максимумот, момците ќе бидат подготвени за предизвикот и мислам дека атмосферата во нациналниот тим ќе биде добра и позитивна. Без разлика на резултатите, Македонија заслужува поддршка од трибините и се надевам дека стадионот ќе биде исполнет до последното место“.

„Македонија може да биде добра само ако функционира како тим и наша должност е сите да се ставиме во функција на тимот, само така може да се надеваме на успешни настапи. Факт е дека постојано, освен со Португалија, секогаш ни недостасувале витални играчи, но ростерот е тој, изборот е тој, тоа е реалноста. Не сме фудбалска велесила. Тоа што ни се случи со Англија е можеби и добро, за да се спуштиме на земја и да почнеме од доле, да градиме тимски дух и тим“.

Во најдобриот состав на македонската репрезентација дебитанти се фудбалерот на дански Хвидовре, Ахмет Иљазовски и напаѓачот на Вараждин, Димитар Митровски. 

На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 29 фудбалери: 

ГОЛМАНИ

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија

Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар

Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички

ОДБРАНА

Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија

Ѓоко ЗАЈКОВ – Универзитатеа Крајова, Романија

Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија

Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција

Езѓан АЛИОСКИ – Ал-Ахли, Саудиска Арабија

Бојан ДИМОСКИ – Акрон Тољати, Русија

Ахмет ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска

Стефан АШКОВСКИ – Ламија, Грција 

Дарко ВЕЛКОВСКИ – Ал Етифак, Саудиска Арабија

СРЕДЕН РЕД

Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција

Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска

Агон ЕЛЕЗИ – Вараждин, Хрватска

Аријан АДЕМИ – Пекинг Гуан, Кина

Елиф ЕЛМАС – Наполи, Италија

Давид БАБУНСКИ – Мезоковешд, Унгарија

Давор ЗДРАВКОВСКИ – Мадервил, Шкотска

Љупче ДОРИЕВ – Согдиана, Узбекистан

НАПАД:

Илија НЕСТОРОВСКИ – Асколи, Италија

Милан РИСТОВСКИ – Спартак Трнава, Словачка

Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска

Александар ТРАЈКОВСКИ 

Дориан БАБУНСКИ – Грасхоперс, Швајцарија

Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска

Марјан РАДЕСКИ – Струга Трим Љум

Ваљон ЕТЕМИ – Истанбулспор, Турција

Дарко ЧУРЛИНИВ – Барнли, Англија 

Официјалниот собир на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Италија и Малта од квалификациската група за ЕП 2024  е закажан за 4. септември во х. Хилтон во Скопје.


WebOhrid / 30.08.2023 / ФФМ