26/04/2024
Охрид

Младите волонтери на Црвен крст Охрид реализираа едукативен перформанс за превенција од трговија со луѓе

Младите волонтери на Црвен крст Охрид од Клубот на млади, како сертифицирани врснички едукатори за трговија со луѓе, осмислија и реализираа едукативен перформанс за превенција од трговија со луѓе, кој денес, како герила-акција го изведоа во дворот на гимназијата ОСУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид.

Целта на овој перформанс беше да се покрене свеста кај младите и тие да се едуцираат за овој социјален феномен на модерно ропство, ризиците и ужасите на тргвовијата со луѓе, но и за начините како да се заштитат.

Учениците и професорите настанот го следеа од прозорите на своите училници, а можеа да видат три сцени на кои врсничките едукатори на Црвен крст Охрид прикажаа жртви на сексуална експлоатација, на трговија со деца и експлоатација на труд. Во позадина, раскажувачот ги информираше гимназијалците со најважните податоци и опасности околу трговија со луѓе.

Пораката за младите беше јасна и силна: „Како да се заштитите? Темелно изтражувајте и распрашувајте се за понудите за работа, патувања и размени. Секогаш имајте копии од вашите документи кај семејството. Бидете внимателни при запознавање непознати луѓе, во непознати места. Кога сте во странска држава, а особено на екскурзии, не се делете од групите и не одите на непознати места. Избегнувајте ризични облици на однесување. И најважно – ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ И ОСТАНЕТЕ ЕДУЦИРАНИ!“


WebOhrid / 28.03.2022 / Црвен крст Охрид