25/04/2024
Охрид

На денешен ден Прличев во Атина бил овенчан со „Ловоров венец“

Во 1860 година на традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби „Ловоров венец“ за поемата “Сердарот”.

prli;ev

Со пригодна свеченост НУ Библиотека „Григор Прличев“ и ОУ  „Григор Прличев“ од Охрид денеска заеднички ќе ја одбележат 159 годишнината од  денот кога Григор Прличев го доби Ловоровиот венец.

arantolos

За учениците во ова основно училиште ќе биде прикажан видео проектот „Од животот на Прличев“ од авторот: м-р Милчо Јованоски прв пат промовиран на годинашните „Прличеви беседи“, а е збир од фотографии, видеа и текстови кои во 30 минутен колаж го отсликуваат животот на големиот Прличев.

serdarot

Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1830 – Охрид, 6 февруари 1893) е истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики и епохата во која живее и работи, класицизмот и романтизмот, како стилски белези. Според македонската енциклопедија, тој е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб.