27/04/2024
Охрид

На први декември „Импровокација С05 Е04“

Во четвртата епизода од петтата сезона на мегапопуларната Импровокација ќе дознаете која е разликата помеѓу зимските гуми за жвакање и зимските гуми за возење. Дали Мирко навистина му го спасил животот на Славко? Зошто 1 декември е Светски ден за борба против СИДА-та… За овие и за други прашања кои го мачат космосот ќе полемизираат луѓето од естрадата:  Филип Кипровски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски со вокално-музичка поддршка од: Филип Ангеличин-Жура и Никола Јосифоски.

Приклучете се на оваа општа дебата во керал сцената на НУЦК “Григор Прличев” – Народен Театар Охрид, во сабота 1-ви декември, од 20:00 часот.

Продажно место: Музичка Продавница Зи Зи Топ или резервација на телефонскиот број 075283066 (11:00-15:00 ч.)
 
Ограничен број на влезници. Цена: 200 денари.