28/04/2024
Охрид

Наближува досега најдолгиот полициски час во нашата земја

Наближува досега најдолгиот полициски час (забрана за движење) во историјата на нашата земја, од 16:00 часот во петок (17.04.2020) па се до 05:00 часот во вторник (21.04.2020) кој ќе трае цели 85 часа.

Граѓаните треба навремено да се подготват, особено во делот на набавка на намирници, нешто кое што не оди така лесно во последно време. Најпрво потребна е психичка подготвеност, како за почитување и спроведување на мерките за заштита, така и за самоизолацијата, а и за трпение при чекање во ред пред маркетите.

Велигденските празници знае(в)ме да ги поминеме со прилично богата трпеза со семејството, роднините, пријателите, но, за жал, ете дојде и едно вакво време, каде ќе мора секој сам во својот дом да го прослави најголемиот христијански празник – Велигден.

Гужвите пред маркетите доволно зборуваат за загриженоста на нашите сограѓани. Сепак, најдобро е да се испланираат тие 85 часа, по можност секој да си креира свое дневно мени, да не се троши повеќе отколку што е потребно, а со тоа да се избегне задржувањето во маркетите.

WebOhrid