28/04/2024
Охрид

Наградени ученици и ментори од основните и средните училишта во општина Охрид

Врз основа на член 50 став 1 точки 5, 11 и 16 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Р.М. бр.5/2002), член 34 став 1 точки 4, 10 и 15 од Статутот на Општина Охрид (Службен гласник бр.08/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14 и 10/2019), програмите Н1 – основно образование и Н2 – средно образование, препораките за видовите, критериумите, висината и начинот на спроведување на постапки за финансиска поддршка од средствата предвидени во буџетот на општина Охрид и во годишните програми за работа од Секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита за учебната 2022/23 година наменети за ученици, студенти и наставници број 08-9420/3-1 од 12.07.2022 година донесени од страна на Советот на општина Охрид, Правилникот за начинот, постапката, условите и критериумите за доделување на парични награди за постигнати успеси на учениците и нивните ментори од општинските основни и средни училишта во општина Охрид како и избор на првенец на генерацијата број 09-5578/1 од 07.04.2023 година како и записникот со предлог од работата на стручната комисија број 28-9084/1 од 21.06.2023 година,  Градоначалникот на општина Охрид донесе решение со кое одобри исплата на учениците и нивните ментори од основните и средните училишта во општина Охрид кои постигнале значајни резултати на државни и меѓународни натпревари во знаење.

Со оваа активност општина Охрид е првата општина во Република Македонија која на овој начин ги наградува своите талентирани ученици. Дополнително оваа година и превозот за учество на натпреварите на  учениците и нивните ментори комплетно беше обезбеден од општина Охрид.

Учебната година завршува со промоција на најуспешните!

Честитки до учениците и нивните ментори за постигнатите успеси!

НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ И МЕНТОРИ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА ОХРИД


WebOhrid / 22.06.2023 / Општина Охрид