01/09/2024
Охрид

Највеселиот ден на првачињата во Пештани

Развиорена првосептемвриската радосна приказна во ООУ „Св.Наум Охридски“, со која на свечен начин се одбележа највеселиот ден на првачињата.

Највеселите првачиња беа почестени со сет училишен прибор од компанијата Кредисимо, која постојано применува општествено одговорни практики. Во контекст на образовната платформа „Активирај се навреме“, тие ја реализираа кампањата „Секогаш биди број еден“, посветена  во чест на најмалите првоодделенци. Изразот на насмеаните детски лица и задоволството што тие го почувствуваа беше многу искрено, за што како воспитнообразовна установа особено  им сме благодарни.

На најмалите и највеселите првачиња им беше испратена порака да ги испишат најубавите страници во нивниот личен дневник и  да ги понесат најубавите импресии, кои ќе останат врежани како драги спомени во детската меморија.


WebOhrid / 01.09.2022 / ООУ „Св.Наум Охридски“