27/04/2024
Охрид

Не користи пиротехнички средства- превентивни активности на СВР Охрид

И денеска (15.12), а во насока на превенирање на недозволеното користење на пиротехнички средства, полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Охрид во координација со Црвен крст – Охрид во основното училиште “Братсво и Единство“, како и во основното училиште “Кочо Рацин“, во Охрид реализираа едукативни предавања со учениците.

Примарно полициските службеници ги запознаа децата со штетноста од употребата на пиротехнички средства и можните последици. Учениците беа информирани дека употребата на пиротехнички средства може да предизвика тешки телесни повреди. Исто така, на учениците им беше укажано дека неовластената употреба на пиротехнички средства на јавно место е казнива со закон. Активисти од Црвен крст Охрид на присутните им прикажаа симулација на настаната повреда од употреба на пиротехнички средства, а на крајот од предавањата на децата им беше поделен едукативен материјал изработен во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).