29/03/2024
Охрид

Низа активности во Охрид за Светскиот ден и Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“. Во тие рамки ќе бидат организирани следните активности:

  • 08 мај 2018 (вторник) 10:30 часот. Полагање на свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид (пред седиштето на Црвен крст Охрид);
  • 08 мај 2018 (вторник) 10:00 часот. Крводарителска акција – Факултет за туризам и угостителство – Охрид;
  • 9 мај 2018 (среда) 11:00 часот. Отворен ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст;
  • 8-15 мај 2018. На сите новороденчиња родени на Гинеколошкото одделение при Општата болница во Охрид во Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, и нивните мајки Црвен крст Охрид ќе им додели пригодни и корисни подароци;
  • мај 2018 Работилници за дисеминација-ширењето на знаењата за Црвениот крст со волонтерите на Црвен крст Охрид.