18/05/2024
Македонија

Нова поштенска марка во пресрет на Светскиот ден на ретки болести

На иницијатива на претседателот на Здружението за ретки болести РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК од Охрид и вработена во Македонска пошта, Лолеска Гордана во соработка со здружението за ретката болест фенилкетонурија PKU Heroes / ПКУ Херои од Штип, Филателијата на Македонска пошта и филателистите низ светот од денес се побогати за уште една РЕТКА ПОШТЕНСКА МАРКА!

Денес од печат  излегува  поштенска марка ДЕЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ –ФЕНИЛКЕТОНУРИЈА (Phenylketonuria (PKU)) и како таква марка е прва во светот. Поштенската марка е со номинална вредност од 36.00 денари и со прво печатење од 6.000 примероци. Поштенска марка ќе биде промовирана на светскиот ден на Фенилкетонурија 28 јуни.

За поздравување е фактот што Македонска пошта со ова дело по којзнае кој пат, уште еднаш покажа дека е општествено одговорна компанија која се грижи за своите граѓани, особено за пациентите со ретки болести посветувајќи поштенски марки на најранливата категорија – ДЕЦАТА.

Изминативе години Македонска пошта активно се вклучува во кампањите за подигање на јавна свест за ретките болести со издавањето на 5 (пет) поштенски марки, посветени на

  • ДЕЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ
  • ДЕЦА СО АЛПОРТОВ СИНДРОМ
  • ДЕЦА СО БОЛЕСТ НА ГОШЕ
  • ДЕЦА СО БУЛОЗНА ЕПИДЕРМОЛИЗА
  • ДЕЦА СО ИХТИОЗА,
  • и оваа година новата шеста по ред поштенска марка ДЕЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ – ФЕНИЛКЕТОНУРИЈА

Покрај поштенската марка за оваа ретка болест Владата воведувајќи ја Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во РСМ, донесе и одлука за спроведување метаболен скрининг за фенилкетонурија за секое новороденче низ целата територија. Оваа клучна иницијатива има за цел да го подобри раното откривање и интервенција, обезбедувајќи ја благосостојбата на нашите најмлади граѓани.


WebOhrid / 28.02.2024 / Здружение „Ретко е да си редок“