28/04/2024
МакедонијаОхрид

Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван и во југозападниот дел од Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 27.02.2024 година во 23 часот и 37 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 128 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката, во Дебар и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


WebOhrid / 28.02.2024 / Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ Скопје