27/04/2024
Македонија

НовАсном: Поврзаноста на Северна Македонија со македонската револуционерна борба е бесмислена, лажна и неискрена

„Денес, СДС-овската творевина Република Северна Македонија, востановена со предавничкиот преспански договор кој беше прифатен и од опозиционерската ВМРО-ДПМНЕ, го слави денот на македонската револуционерна борба. Се слави во чест на шесте интелектурални револуционери кои 1893 година ја формираа Македонската револуционерна организација, револуционери кои, организацијата не ја формираа за да се борат за некаква си Северна Македонија. Шестемина револуционери интелектуалци: Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров, за своја цел, ниту во програмата за дејствување, ја немале автономијата на Северна Македонија туку автономија на Република Македонија. НовАсном смета дека, СДС-овската творевина Република Северна Македонија, нема никаква поврзаност ниту пак била една од целите на Македонскта револуцонерна организација и дека, секоја поврзаност помеѓу Северна Македонија и овие шест млади интелектуалци кои ја оформија Македонската револуционерна организација е безсмилена, лажна и неискрена.

НовАсном смета дека СДС-овската творевина Република Северна Македконија е предавство на идеалите на шесте млади интелектуалци и Македонската револуцонерна организација. Одговорноста за оваа безсмислена ситуација каде што ние македонците славиме македонски револуционерен празник во Северна Македонија ја имаат владеачката СДС но и опозиционерската ВМРО-ДПМНЕ кои го прифатија предавничкиот преспански договор.

Со имплементација на предавничкиот Преспански договор, се прекина било каква поврзаност меѓу нашите револуционери кои се бореа за Република Македонија и творевината Северна Македонија, и затоа славењето на македонски револуцонерен празник во Северна Македонија е безсмислено. Предавничкиот Преспански договор креаира нова политичка реалност и многу нелогичности во однос на нашите безсмртни ревоуционери кои го дадоа својот живот за Република Македонија.

НовАсном им одава бескрајна почит на овие шест млади интелектуани револуцинери и родољуби кои, во виорите и бигорите,  ја изнедрија Македонската револуционерна организација. Денешниот Преспанскиот договор, нас Македонците не врати во нивно време и нашите идеали се исти како и нивните. Имено, да се бориме за Република Македонија која ќе почива на АСНОМ-ските принципи, каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина.

Нека ни е честит 23 октомври, Денот на Македонската револуционерна борба и ден-потсетник дека наша национална цел е враќањето на уставното име Република Македонија која е столб на нашиот вековен стремеж да живееме во своја држава чие име искрено и со силна жар го љубиме и почитуваме.“ – стои во честитката од НовАсном.


WebOhrid / 23.10.2023 / НовАсном