Ново прилагодено работно време на поштенските единици

АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, од денес, понеделник 15 јуни 2020 год., започнува со ново прилагодено работно време на поштенските единици, согласно состојбите со Корона вирусот во нашата земја.

Работното време на единиците и понатаму ќе се менува тековно согласно расположливите капацитети, актуелни мерки и состојби и истото редовно ќе се ажурира.

Работно време на поштенските единици на АД Пошта на Северна Македонија“ – Скопје може да се види на следниот линк:

Работно време на поштенски единици.

АД „Пошта на Северна Македонија“ препорачува пред посета на некоја од поштенските единици да го проверите работното време на истата.

Напомена: Работното време ќе биде истакнато на влезните врати на поштенските единици.