Новогодишен ручек за социјално-ранливите семејства од Охрид

Новогодишен ручек и прекрасна забава денес за семејствата кои живеат во социјален ризик од Охрид приредија Општина Охрид-Градоначалникот на Охрид, Црвен крст Охрид и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, со поддршка на Ротари клуб Охрид и Фото Рекс Охрид.

Присутните ги поздрави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески посакувајќи им Среќна Нова 2020 година, здравје, радост и успех. А најмладите не го криеја задоволството и радоста од дружењето со Дедо Мраз и благодарноста за новогодишните пакетчиња и новогодишните честитки изработени од волонтерите на Црвен крст Охрид.