НУ Библиотека „Григор Прличев“ од втори септември се враќа на стандардното работно време

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги известува читателите и корисниците на нејзините услуги дека одделението за издавање книги  од втори септември повторно ќе е отворено секој работен ден од 8:30 до 18:30 часот.

Летниот период библиотеката го искористи за набавка на нови наслови од лектирните изданија за основно образование а континуирано се збогатува и обновува и фондот на задолжителните лектири за средно образование.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид континуирано врши упис на нови членови, се вели во соопштението од оваа установа.