Објавен конкурсот за овогодинешното издание на „Канеофест“ 2018

КАНЕОФЕСТ ОХРИД РАСПИШУВА

K О Н К У Р С

ЗА ОВОГОДИНЕШНИОТ ФЕСТИВАЛ „КАНЕОФЕСТ“ – 2018

„Канеофест“ распишува конкурс за фестивалот Канеофест 2018, кој се одржува по 17 пат, а под покровителство на Телевизија Морис.

Фестивалот ќе се одржи во две фестивалски вечери:

  • Вечер на забавна новосоздадена македонска песна и
  • вечер на народна новосоздадена македонска песна

Условите на фестивалот се следни:

  • Композицијата мора да биде нова, дотогаш неизведена
  • Композицијата не смее да содржи навредливи содржини
  • Композицијата после изведбата останува во сопственост на фестивалот

За учество на Фестивалот неопходна е котизација

Фестивалот ќе започне на 30.06.2018 година, а ќе заврши на 01.07.2018 година во Охрид

Категоризирањето и изборот на песни ќе се врши по доставените композиции со нотен запис или демо снимка испратени на адреса;

ТВ Морис „Градски пазар “ 20 п-фах 131, 6000 Охрид,или на tvmoris@yahoo.com kaneofest_jovan@hotmail.com најдоцна до 20.06.2018

Сите заинтересирани кои би сакале да бидат дел од учесниците од Канеофест 2018, на поп или на фолк вечерта ќе можат да се информираат на;

tvmoris@yahoo.com , kaneofest_jovan@hotmail.com

Тел/ 046/25-50-50; 078/735-923 ; 071/584-900

Изборот на победници и овој пат ќе биде со гласање на публиката и жири комисија.

Ќе бидат обезбедени пристојни награди за победниците, а за секој учесник на Фестивалот ќе следи DVD пакет од двете вечери.

Канеофест ги задржува сите авторски права за емитување и дистрибуција на материјалот.