29/04/2024
Охрид

Одбележан патрониот празник на РЦСОО „Ванчо Питошески“

На 18.10.2022 година, во просториите на РЦСОО „Ванчо Питошески“ беше одбележан патрониот празник на училиштето.

Директорот Марјан Радески со своето обраќање им го честита патрониот празник на учениците и вработените, каде што на учениците кои учествуваа на меѓународниот натпреват „ГАТУС 2022“ и освоија медаљи им додели благодарници, а на вработените кои имаа јубилеј им додели пригодни награди.

Во рамките на одбележувањето, во просториите на училиштето беше приреден свечен коктел подготвен од учениците во РЦСОО „Ванчо Питошески“.


WebOhrid / 19.10.2022 / РЦСОО „Ванчо Питошески“