26/04/2024
Охрид

Одбележани 121 година од формирањето на првата востаничка чета во Охридско

Одбележани 121 година од формирањето на првата востаничка чета во Охридско во манастирот ,,Света Петка” во Велгошти.

Пред присутните се обрати претседателот на МЗ на с.Велгошти, Кире Пердулоски за кого оваа традиција е секогаш обврска којашто и понатаму треба да се негува и почитува. Секоја генерација си има своја борба, а нашите предци ни оставија аманет кој оваа генерација доследно треба да го продолжиме и пренесеме на идните генерации.

Свежо цвеќе положија МЗ Велгошти, МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти и ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.