29/03/2024
Дебрца

Повредени три лица во сообраќајна несреќа кај Песочан

На 07.07.2022 околу 14:25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Песочан, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(31) од Скопје и патничко возило „пежо 306“, со српски национални ознаки, управувано од Љ.Б.(71) од Охрид.

Во несреќата возачот Љ.Б. и Ф.Б.(29) од Скопје, сопатник во возилото „фиат“, се здобија со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, додека возачот Љ.Х. се здоби со телесни повреди.

Увид на местото извршија Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.


WebOhrid / 08.07.2022 / СВР Охрид